Неколкудневите протести на опозицијата со блокирање на главните патишта во градовите низ Македонија денеска кулминираа, како што беше и најавено, со голем протест пред седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје.
Се собраа неколку илјади приврзаници на опозицискиот блок, дојдени од повеќе градови од Македонија. Протестот под мотото „Отпор“ е против, како што наведуваат организаторите, уривањето на демократијата и прекршувањето на Уставот по случувањата во Собранието во понеделникот.
Пред насобраните симпатизери се обратија водачите на опозициските партии и поранешниот претеседел на Собранието Стојан Андов.
„Од понеделникот, целиот наш народ е ставен пред следниот избор - или ќе прифатиме да наведнеме глава, или ќе се кренеме и ќе се бориме за нашата слобода и демократија. За нас во СДСМ и во Сојузот на иднината одлуката е веќе одамна донесена. Враќање назад нема“, изјави водачот на СДСМ Бранко Црвенковски.
На протестот беше најавено дека по новогодишните празници, од среда, од 18 до 19 часот, во Скопје и во сите останати градови ќе продолжат протестите и таканаречените улични парламенти.
Собирот мина во мирна атмосфера и без инциденти. За него засега нема реакции ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од владата.