Линкови за пристапност

 
Одделот за правда им наложи на обвинителите да се откажат од случајот против градоначалникот на Њујорк

Одделот за правда им наложи на обвинителите да се откажат од случајот против градоначалникот на Њујорк


Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, го напушта Федералниот суд на Менхетн по појавувањето на 27 септември 2024 година во Њујорк
Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, го напушта Федералниот суд на Менхетн по појавувањето на 27 септември 2024 година во Њујорк

Одделот за правда вчера им наложи на федералните обвинители во Њујорк да ги отфрлат обвиненијата за корупција против градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, се вели во меморандум на вршителот на должноста заменик-државен обвинител Емил Боув.

Боув, политички назначен од претседателот Доналд Трамп, интервенираше во случајот, велејќи дека обвинението против Адамс се меша во неговата кампања за реизбор на градоначалник во 2025 година.

Портпаролот на обвинителството на Менхетн, кое ги покрена обвиненијата, одби да коментира.

Обвинителите сè уште не му укажале на судијата што го надгледува случајот дека планираат да го откажат случајот, покажаа судските записи во понеделникот вечерта.

Адамс се товари за примање патни поволности од турски официјални лица и политички донации од странци во замена за преземање активности во корист на Турција.

Адамс се изјасни за невин.

XS
SM
MD
LG