Линкови за пристапност

Демократот Ерик Адамс избран за градоначалник на Њујорк


(Њујорк, АП) Демократот Ерик Адамс беше избран за градоначалник на Њујорк откако го порази Републиканецот Куртис Силва на изборите кои се одржаа во вторникот.

Овој натпревар за победникот беше лесен во однос на тоа што следува – насочување на градот кон закрепнување од пандемијата со корона вирус.

Адамс е поранешен началник на полицијата на Њујорк и претседател на општината Бруклин. Тој ќе биде вториот црн градоначалник во историјата на најнаселениот град во САД. Дејвид Динкинс кој беше градоначалник од 1990 до 1993 беше првиот.

„Вечерва Њујорк избра еден од своите. Јас сум еден од вас“ им порача Адамс на поддржувачите откако прогласи победа.

Текстот е преземен од АП

XS
SM
MD
LG