Линкови за пристапност

Очекуваме да работиме со Северна Македонија на значајни реформи на патот кон евроатлантската интеграција, кажа О` Брајан


Помошник-државниот секретар на САД ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова, прва жена што некогаш била избрана за претседател на државата
Помошник-државниот секретар на САД ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова, прва жена што некогаш била избрана за претседател на државата

Помошник-државниот секретар на САД Џејмс О` Брајан го честиташе изборот на првата жена претседател на Северна Македонија Гордана Сиљановска- Давкова на социјалната мрежа Х.

„Честитки на првата жена што некогаш била избрана за претседател на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова. Како сојузници, партнери и пријатели, со нетрпение очекуваме да работиме со Северна Македонија на значајни реформи и заеднички цели на патот кон евроатлантската интеграција“, напиша О` Брајан.

Помошник-државниот секретар на САД Џејмс О` Брајан го честиташе изборот на првата жена претседател на Северна Македонија
Помошник-државниот секретар на САД Џејмс О` Брајан го честиташе изборот на првата жена претседател на Северна Македонија

Сиљановска-Давкова победи во вториот круг на претседателските избори на 8 мај. Партијата ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе од 42 отсто од гласовите со речиси сите преброени гласачки ливчиња од парламентарните избори во средата, со што добија 58 места во 120-члениот парламент, наспроти 15 отсто за социјалдемократите (СДСМ).

Победата ја честиташе и американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер.

„Мои срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Северна Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. САД ќе продолжат да ги поддржуваат вашите цели за безбедност, просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја“, рече Агелер.

На денот на гласањето, претставникот на Стејт департментот за Западен Балкан Габриел Ескобар, на онлајн брифинг со новинарите рече „ уверен сум и се надевам дека без разлика на изборите во Северна Македонија, патот кон Европа ќе продолжи“.

Ескобар најави дека овој месец заминува од позицијата заменик-помошник секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан.

„Една од работите што сме многу среќни што ја постигнавме е тоа што неколку земји од Западен Балкан се солидно на патот кон евроатлантската интеграција, особено оние членки на НАТО - Албанија, Северна Македонија и Црна Гора, кои се целосно ангажирани на целиот процес на пристапување во Европската Унија. Уверен сум и се надевам дека без разлика на изборите во Северна Македонија патот кон Европа ќе продолжи “, рече Ескобар.

Дополнително, Ескобар вели дека би сакал да бил направен поголем напредок во европскиот процес на трите членки на НАТО.

„Сè уште се надевам дека сите три ќе се движат многу брзо, кога ќе се решат некои од нивните внатрешни прашања. Но, Црна Гора, навистина верувам дека тие ќе бидат следни, тие ќе бидат следна членка на Европската Унија“.

XS
SM
MD
LG