Линкови за пристапност

Обвинителите бараат судењето на Трамп за изборите да биде во јануари


Обвинителите на Одделот за правда побараа 2 јануари 2024 година да биде датум за почеток на судењето против поранешниот претседател Доналд Трамп, за наводен незаконски заговор да ја поништи неговата изборна загуба во 2020 година од демократот Џо Бајден.

Во поднесувањето до американскиот окружен судија Тања Чуткан во Вашингтон, канцеларијата на специјалниот обвинител Џек Смит, главниот обвинител во случајот, рече дека очекува нејзиното презентирање на доказите против Трамп да трае „не подолго од четири до шест недели“, со селекција на поротата пред тоа во декември.

Таквата временска рамка може да го принуди Трамп да ги помине во суд на почетокот на 2024 година, во време кога се закажани првите претседателски избори на Републиканската партија на 15 јануари во сојузната држава Ајова.

Националните анкети покажуваат дека Трамп е водечки претседателски кандидат на партијата пред изборите во ноември 2024 година, кога повторно би можел да се соочи со Бајден.

Трамп минатата недела се изјасни за невин по обвинението за четири точки, тврдејќи дека обвинувањата против него имаат за цел да го спречат повторно да ја освои Белата куќа.

XS
SM
MD
LG