Линкови за пристапност

Обама истовремено го фали и критикува Врховниот суд


Претседателот Барак Обама на прес-конференција во Сенегал, во рамки на африканската турнеја.
Претседателот Барак Обама на прес-конференција во Сенегал, во рамки на африканската турнеја.

Одлуките за истополовиот брак ги смета за победа на американската демократија, а онаа што отфрли одредба од законот за гласачки права - за грешка.

За американскиот претседател Барак Обама, одлуките на Врховниот суд во врска со истополовиот брак се победа за американската демократија. На заедничка прес-конференција со сенегалскиот претседател Маки Сал во Дакар, во рамки на африканската турнеја, Обама кажа дека законот треба подеднакво да ги третира луѓето, без оглед на расата, верата, полот и сексуалната ориентација.

Обама рече и дека законот треба да подеднакво да ги третира хомосексуалците во Африка, каде хомосексуалноста е забранета во многу земји. Но, претседателот Сал рече дека Сенегал не е подготвен да ја декриминализира хомосексуалноста.

Американскиот Врховен суд вчера реши дека федералната влада не може да го дефинира бракот само како заедница на маж и жена.

Коментирајќи на друга одлука на Судот, Обама кажа дека телото направило грешка кога одлучи да отфрли одредба на Американскиот акт за гласачки права. Судот реши дека владата користи со децении стара информација за да одреди на кои сојузни држави со историјат на расна дискриминација им треба одобрение на федерално ниво да ја променат својата гласачка регулатива.

Обама побара Конгресот да изнајде нов начин на кој би им се олеснило на луѓето да гласаат.
XS
SM
MD
LG