Линкови за пристапност

Врховниот суд пресече за истополовите бракови


Пред Врховниот суд на САД, по објавувањето на одлуката
Пред Врховниот суд на САД, по објавувањето на одлуката

Реши дека федералната влада не може да ја ограничува дефиницијата на бракот само на двајца луѓе од спротивен пол.

Врховниот суд на САД реши дека федералната влада не може да ја ограничува дефиницијата на бракот само на двајца луѓе од спротивен пол - одлука што се смета за голема победа за движењето за права на хомосексуалците.

Одлуката значи дека луѓето од ист пол, кои се легално во брак, имаат исти права на федералните бенефиции што им се на располагање на лицата во брак од спротивен пол, како на пример даночните, здравствените и пензиските погодности.

Одлуката ја поништи одредбата на федералниот Закон за заштита на бракот, но не налага една сојузна држава да го признае истополовиот брак што можеби е легален во друга.

Истополовиот брак е или легален, или наскоро ќе стане таков во вкупно 12 сојузни држави и Областа Колумбија, што го опфаќа главниот град Вашингтон.
XS
SM
MD
LG