Линкови за пристапност

Врховниот суд укина федерална проверка на гласачките права


Врховниот суд на САД
Врховниот суд на САД

Смета дека мерката, што штитеше од расна дискриминација, не е потребна поради напредокот постигнат од 1960-те - наваму.

Врховниот суд на САД укина клучна одредба на законот за гласачки права што штитеше од расна диксриминација во сојузните држави каде постоеше сегрегација во текот на 1960-те.

Судот со 5 гласови „за“ и 4 „против“ одлучи дека повеќе не е неопходно да се врши проверка на одредбите за гласачки права во девет сојузни држави со историјат на сегрегација бидејќи повеќе не постои флагрантно или сеприсутно кршење на правата на гласачите-црнци.

Судот смета дека во 2006-та, кога Конгресот повторно го одобри законот од 1965-та што налага проверка од страна на федералната влада, не го зел предвид широкиот расен напредок во земјата. Судот наведува дека наместо тоа, Конгресот повторно ја одобрил проверката „врз основа на факти стари 40 години што немаат логична врска со денешницата“.

Одлуката, која ја напиша главниот судија Џон Робертс во име на конзервативното мозинство во судот, наведува и дека Конгресот би можел да зацрта современа формула со која ќе одлучува кои гласачки политики на сојузните држави треба да бидат предмет на проверка од страна на федералната влада. Па сепак, во политички обоените кругови во Вашингтон, републиканските и демократските пратеници често се разидуваат по голем број прашања, така што усвојувањето на нова формула е неизвесно.

Во мислењето со кое се оградува од одлуката, судијката Рут Бадер Гинсбург наведува дека истата „укинува правен лек што се покажа најдобар“ за спречување на дискриминација во гласањето.

Претседателот Барак Обама кажа дека е длабоко разочаран од одлуката и дека таа „нарушува децении на добро воспоставена пракса што помогна да се обезбеди гласањето да биде праведно“. Тој го повика Конгресот да одобри нова легислатива „за да обезбеди секој Американец да има подеднаков пристап до гласачкото место“.

Со одлуката на Врховниот суд, во неколку сојузни држави ќе може да стапат на сила закони за идентификација на гласачите, без претходно федералната влада да провери дали се праведни и дали би можеле да се одразат на одзивот на малцинските гласачи.
XS
SM
MD
LG