Обама вели двете страни се во начелен договор за величината на скратувања на трошоците и за процесот на реформирање на даноците и намалување на трошоците во социјалните програми.
Тој кажа дека врвниот демократ во Сенатот изнел план што може да биде основа за компромис, и додаде дека врвниот републиканец во Сенатот понудил корисни идеи. Тој ги критикуваше републиканците во Претставничкиот дом за продолжување на работата по предлог за кој вели дека не може да стане закон.
Вашингтон во вторник се соочува со рокот за постигнување на договор пред САД да бидат во неможност да ги платат своите финансиски обврски.