Линкови за пристапност

Нетанјаху кажа дека ќе продолжи со воената кампања во Рафа


Поголемиот дел од населението на Газа сега е раселено и живее во и околу Рафа, во Газа, 2 март 2024 година
Поголемиот дел од населението на Газа сега е раселено и живее во и околу Рафа, во Газа, 2 март 2024 година

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе продолжи со својата воена кампања во Рафа во јужниот дел на појасот Газа, во услови на зголемен меѓународен притисок.

Израел се соочува со повици да не влегува во Рафа, една од последните релативно безбедни области, каде што 1,5 милиони луѓе побарале засолниште.

„Ќе ја завршиме работата во Рафа овозможувајќи му на цивилното население да се извлече од опасноста“, рече Нетанјаху во видеообраќањето на конференцијата на произраелската организација АИПАК во Вашингтон.

Коментарите на Нетанјаху уследија како што лидерите на Европската Унија планираат да го повикаат Израел да не започнува копнена операција во Рафа, според нацрт-заклучоците од претстојниот самит.

„Европскиот совет ја повикува израелската влада да се воздржи од копнена операција во Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци во моментов бараат безбедност од борбите и пристап до хуманитарна помош“, се вели во нацрт-текстот на заклучоците што ги видел Ројтерс.

Текстот на заклучоците ќе бара одобрение од сите 27 национални лидери на ЕУ за да биде усвоен на самитот на 21 и 22 март.

Американскиот претседател Џо Бајден во саботата изјави дека Нетанјаху „повеќе го повредува Израел отколку што му помага“ со тоа што ја води војната на начин спротивен на вредностите на земјата.

XS
SM
MD
LG