Линкови за пристапност

Нападите во Ирак може да ја дестабилизираат државата, предупредија ОН


Во петокот, американските сили извршија прецизни воздушни напади на три локации во Ирак, како дел од нивните напори да ги елиминираат изворите на речиси 170 напади на групите, поддржани од Иран, врз американскиот воен персонал во регионот
Во петокот, американските сили извршија прецизни воздушни напади на три локации во Ирак, како дел од нивните напори да ги елиминираат изворите на речиси 170 напади на групите, поддржани од Иран, врз американскиот воен персонал во регионот

Главниот претставник на Обединетите нации (ОН) во Ирак, денес повика да престанат сите напади, предупредувајќи дека тие би можеле да ја поништат „тешко стекнатата стабилност“ и другите достигнувања на земјата доколку продолжат.

„Овие напади потекнуваат од внатре и надвор од границите на земјата“, изјави специјалната претставничка Жанин Хенис пред Советот за безбедност на ОН.

Во петокот, американските сили извршија прецизни воздушни напади на три локации во Ирак, како дел од нивните напори да ги елиминираат изворите на речиси 170 напади на групите, поддржани од Иран, врз американскиот воен персонал во регионот.

Неколку такви групи дејствуваат во Ирак. САД, исто така, погодија четири локации во соседна Сирија.

Севкупно, Пентагон соопшти дека уништил повеќе од 80 поединечни цели.

„Наместо покажување на сила, сите напори треба да се фокусираат на заштита на Ирак од вовлекување на кој било начин во поширок конфликт“, рече Хенис.

Тензиите се високи низ целиот Блиски Исток, додека Израел и Хамас водат војна, по нападите на групата, назначена од САД како терористичка, на 7 октомври во Израел, во кои загинаа 1.200 луѓе.

Повеќе од 27.000 Палестинци во појасот Газа, под контрола на Хамас, се убиени во четирите месеци војна.

Вашингтон вели дека има цел да го заштити и брани американскиот персонал, вклучително и оние во Јордан, кои ги поддржуваат операциите против терористите на Исламската држава, за да се осигураат дека групата нема повторно да заживее.

Се вели дека нападите успешно ги деградирале способностите на групите, поддржани од Иран, одвраќајќи и поткопувајќи ја нивната способност да вршат дополнителни напади.

XS
SM
MD
LG