Линкови за пристапност

На Газа ѝ се потребни минимум 16 години да ги обнови изгубените домови, велат ОН


Речиси седум месеци израелски бомбардирања предизвикаа штета од милијарди долари, оставајќи многу од високите бетонски згради во руини, велат Обединетите нации
Речиси седум месеци израелски бомбардирања предизвикаа штета од милијарди долари, оставајќи многу од високите бетонски згради во руини, велат Обединетите нации

Обновата на уништените домови во Газа ќе трае најмалку до 2040 година, но може да трае многу децении, се вели во извештајот на Обединетите нации (ОН) вчера.

Речиси седум месеци израелски бомбардирања предизвикаа штета од милијарди долари, оставајќи многу од високите бетонски згради во руини, велат ОН.

Палестинските податоци, покажуваат дека околу 80.000 домови се уништени во конфликтот предизвикан по нападот на борците на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври.

Во израелските напади загинаа десетици илјади Палестинци.

Во најдоброто сценарио во кое градежните материјали се испорачуваат петпати побрзо отколку во последната криза во Газа во 2021 година, обновата на уништените домови би можела да се направи до 2040 година, се вели во проценката на Програмата за развој на ОН.

Но, проценката забележува дека на Газа ќе ѝ требаат „приближно 80 години за да ги обнови сите целосно уништени станбени единици“ според сценариото кое претпоставува дека темпото на реконструкција го следи трендот на неколку претходни конфликти во Газа.

Посебен извештај заснован на сателитски снимки анализирани од Обединетите нации покажа дека 85,8% од училиштата во Газа претрпеле одредено ниво на штета од 7 октомври. Над 70% од училиштата ќе бараат голема или целосна реконструкција, се додава во соопштението на ОН.

Анализирани се низа проекции за социо-економското влијание на војната врз основа на времетраењето на тековниот конфликт, проектирајќи децениски страдања.

„Невидените нивоа на човечки загуби, уништување на капиталот и наглиот пораст на сиромаштијата во толку краток временски период ќе предизвикаат сериозна развојна криза што ја загрозува иднината на генерациите што доаѓаат“.

Во сценарио каде војната трае девет месеци, сиромаштијата треба да се зголеми од 38,8 отсто од населението во Газа на крајот на 2023 година на 60,7 отсто, повлекувајќи голем дел од средната класа под прагот на сиромаштија, се вели во извештајот.

XS
SM
MD
LG