Линкови за пристапност

ОН предупредија на последиците врз менталното здравје на жителите на Газа


УНИЦЕФ во февруари соопшти дека проценува оти 17.000 деца во Газа биле без придружба или биле одвоени од нивните семејства за време на конфликтот, и дека се сметало оти на речиси сите деца во енклавата им е потребна ментална поддршка
УНИЦЕФ во февруари соопшти дека проценува оти 17.000 деца во Газа биле без придружба или биле одвоени од нивните семејства за време на конфликтот, и дека се сметало оти на речиси сите деца во енклавата им е потребна ментална поддршка

Експертка на Обединетите нации денес предупреди дека постои ризик менталните болести да се манифестираат со години отсега меѓу жителите на Газа поради актуелниот конфликт.

„Се разбира, ја гледаме физичката повреда и бидејќи е физичка, може да се цени сериозноста на истата“, рече Тлаленг Мофокенг, специјален известувач на ОН за правото на здравје.

„Но, акутна ментална вознемиреност, која потоа ќе се претвори во анксиозност и други видови ментални болести подоцна во животот е навистина, навистина нешто важно да почнеме да размислуваме за тоа намерно“.

УНИЦЕФ во февруари соопшти дека проценува оти 17.000 деца во Газа биле без придружба или биле одвоени од нивните семејства за време на конфликтот, и дека се сметало оти на речиси сите деца во енклавата им е потребна ментална поддршка.

Палестинските здравствени власти соопштија дека повеќе од 34.000 луѓе се убиени во нападот на Израел, кој започна откако борците на Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе и киднапирајќи уште 253 во Газа, според израелските податоци.

Израелскиот напад уништи болници низ енклавата, вклучително и болницата Ал Шифа, најголемата во појасот Газа пред војната, при кои загинаа и беа повредени здравствени работници.

Израел го обвинува Хамас дека редовно користи болници, амбулантни возила и други медицински установи за воени цели.

„Здравствениот систем во Газа е целосно уништен, а правото на здравје е десеткувано на секое ниво“, рече Мофокенг.

Таа рече дека е загрижена за ризикот од болести кои се пренесуваат преку вода и воздух, како и недостатокот на медицински материјали и услуги за репродуктивно и ментално здравје во појасот Газа.

XS
SM
MD
LG