Линкови за пристапност

Со генетски модифицирани комарци против маларијата


Британски научници со помош на генетски инженеринг во лабораториски услови успеале да уништат вид на комарец кој ја пренесува маларијата. Со интервенцијата се спречува репродукцијата на женките кај комарците, кое довело до смрт на целата популација.

Научниците се надеваат дека овој метод може да се пренесе од лабораторија во реалниот свет за уништување на комарците кои ја пренесуваат маларијата, болест од која годишно умираат околу 429.000 лица. Затоа овој нов начин на убивање на комарците предизвика голем интерес кај јавноста.

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон успееле да ја елиминираат популацијата на комарци од видот Anopheles gambiae кои ја пренесува маларијата.

Професорот Андреа Крисанти кој го предводел заедничкото истражување вели:

„Станува збор за техничко решение со кое се овозможува генетската модификација да може да се прошири од неколку индивидуи до цела популација“.

Таа промена вклучува нарушување на генот кој ја определува половата разлика.

„На овој начин, ако се уништи генот, женката не може да се развие во женка, туку наместо тоа ќе се развие во нешто помеѓу машко и женско, она што ние го нарекуваме „интер - родова диференцијација“ Овие комарци не можат да касаат, не можат да положат јајца и не можат да се репродуцираат.“

Заради неможноста да се репродуцираат, целата популација на комарците починала во 11 генерации.

Сепак останува прашањето дали успехот од лабораторијата може да се примени и во реалниот свет.

Научниците не сакаат модифицираните гени да се прошират на другите видови комарци и да ги уништат, затоа што исхраната на многу видови птици, жаби и другите животни зависи од комарците.

Во моментов, тестирањето е ограничено во лаборатории, а тестовите во природата се очекува да започнат од пет до 10 години

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG