Линкови за пристапност

Мора да се почитува владеење на правото во пропалестинските протести, рече Бајден


Претседателот на САД рече дека пропалестинските протести на колеџот во САД ги тестираат двата фундаментални американски принципа - правото на слобода на говор и владеење на правото
Претседателот на САД рече дека пропалестинските протести на колеџот во САД ги тестираат двата фундаментални американски принципа - правото на слобода на говор и владеење на правото

Претседателот Џо Бајден вели дека пропалестинските протести на колеџот во САД ги тестираат двата фундаментални американски принципа - правото на слобода на говор и владеење на правото. Тој истакна дека и двете мора да се почитуваат.

Тој зборуваше во Белата куќа откако полицијата тргна против пропалестинскиот протестен камп на Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес, раздвојувајќи ја барикадада и апсејќи повеќе луѓе откако издадоа наредби за луѓето да си заминат.

Полициската акција се одвива со часови, при што полицајците првично стоеја во близина на протестниот камп и накратко почнаа да влегуваат навнатре, пред да се повлечат додека демонстрантите скандираа.

Околу еден час подоцна, поголема група полицајци се вратија и иако на почетокот беа спречени на едниот крај на плоштадот од стотици демонстранти кои ги попречија скалите и патеките, полицајците се собраа во главниот протестен камп од друга страна и брзо почнаа да ја уриваат металната ограда и шатори.

Демонстрантите извикуваа „мирен протест“ додека полицијата опремена со шлемови, штитници за лице и палки работеше на туркање на луѓето од областа.

Овој протест е еден од многуте пропалестински демонстрации на универзитетските кампуси низ целата земја, кои резултираа со стотици апсења.

Полицијата во Њу Хемпшир уапси и ги отстрани шаторите доцна во средата и рано денес во колеџот Дартмут.

Пропалестински протестен камп се појави таму вчера, а администраторите предупредија дека таков камп ќе ја наруши универзитетската политика.

На Универзитетот во Тексас во Далас, полицијата расчисти пропалестински камп по апсењето на најмалку 17 лица.

Во Њујорк, полицијата уапси најмалку 15 лица во средата на Универзитетот Фордам додека расчистуваше пропалестински протестен камп.

На Универзитетот во Минесота, организаторите на протестот доцна во средата рекоа дека нивниот камп ќе продолжи откако претходно во текот на денот одржаа разговори со привремениот претседател на универзитетот Џеф Етингер.

Како и во многу училишта, демонстрантите бараат универзитетот да се оддалечи од Израел. Етингер ги опиша разговорите како „конструктивен дијалог“.

Продолжуваат протестите за поддршка на Палестинците на Универзитетот Колумбија во Њујорк
Продолжуваат протестите за поддршка на Палестинците на Универзитетот Колумбија во Њујорк

Администраторите на Универзитетот Колумбија во средата изјавија дека целата преостаната академска активност за семестарот, кој е при крај, ќе се одржи по протестите кои вклучија окупација на зграда на кампусот.

Полицијата ги расчисти демонстрантите доцна во вторникот и уапси речиси 300 луѓе.

На состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) вчера за палестинската државност, амбасадорот на Израел ги осуди студентските демонстранти.

„Отсекогаш знаевме дека Хамас се крие во училиштата - едноставно не сфативме дека тоа не се само училиштата во Газа, туку тоа се и Харвард, Колумбија и многу „елитни“ универзитети“ во САД“, рече Гилад Ердан.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер, вчера им рече на новинарите дека луѓето „имаат право на мирни протести се` додека тоа е во рамките на законот и е мирно“.

„Зборуваме за заштита на студентите и за да се осигураме дека тие се чувствуваат безбедно на кампусот“, рече Жан-Пјер.

„Зборуваме за мала група студенти кои ја нарушуваат таа способност на студентите да го имаат тоа академско искуство“.

Жан-Пјер рече дека администрацијата на Бајден „исто така ќе го осуди секој вид антисемитизам што го слушаме, што го гледаме - омраза“.

Израел ја започна својата контраофанзива во Газа откако Хамас, терористичка група назначена од САД, започна напад врз јужен Израел на 7 октомври.

Милитантите убиле околу 1.200 луѓе според израелските податоци, повеќето од нив цивили, а зеле околу 250 заложници.

Ветувајќи дека ќе ја избрише контролата на Хамас врз Газа, Израел уби повеќе од 34.500 Палестинци на територијата покрај Средоземното Море, од кои две третини се жени и деца, според Министерството за здравство на Газа.

Дописничката на Гласот на Америка на Обединетите нации Маргарет Бешир работеше на овој текст. Дел од информациите се од од агенцијата Франс-прес, Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG