Линкови за пристапност

Блинкен го укори молкот на студентите за Хамас


Полицијата на различни кампуси уапси стотици, но студентскиот гнев останува поради поддршката на САД за војната во Газа и финансиските и академските врски на универзитетите со Израел и со производителите на оружје
Полицијата на различни кампуси уапси стотици, но студентскиот гнев останува поради поддршката на САД за војната во Газа и финансиските и академските врски на универзитетите со Израел и со производителите на оружје

Стотици студенти на американските универзитети се уапсени поради протестите против израелската војна во Газа. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека демонстрациите се белег на американската демократија, но ги укори студентите за нивниот молк за Хамас.

Помина повеќе од една недела откако Универзитетот Колумбија во Њујорк почна да ги разбива пропалестинските демонстранти кои окупираа тревник во неговиот кампус.

Протестите и камповите продолжија не само на Универзитетот Колумбија, туку и на други универзитети низ државата.

„Имаме студенти од сите потекла и од сите идентитети кои доаѓаат овде да застанат на страната на правдата и да се спротивстават на геноцидот“, вели Малак Афанех, студент по право на кампусот Беркли на Универзитетот на Калифорнија.

Полицијата на различни кампуси уапси стотици. Но, студентскиот гнев останува поради поддршката на САД за војната во Газа и финансиските и академските врски на нивните универзитети со Израел и со производителите на оружје.

Оваа еврејска студентка од Универзитетот Џорџтаун не го сподели своето име поради безбедносни грижи.

„Имаме универзитет кој активно инвестира пари во компании кои помагаат да се поттикне (војната), да се убијат овие невини луѓе. И тоа едноставно не е нешто што морално можам да го поднесам. Никогаш не сум можела да стојам на страна, но особено не сега“.

Протестите генерално се мирни, дури и со контрапротести. Но, некои извикуваат антисемитски изјави, како оваа што се однесува на палестинските претензии за целата земја помеѓу реката Јордан и Средоземното Море.

Протестите се белег на американската демократија, изјави денес Блинкен.

„Исто така, забележливо е дека има молк за Хамас. Како да не беше ни дел од приказната. Но, како што исто така постојано велам, важен е начинот на кој Израел оди за да се осигура дека 7 октомври никогаш повеќе нема да се повтори“, рече Блинкен.

Протестите додадоа уште еден слој на тензија меѓу САД и Израел. Соочувајќи се со демонстрантите во својата земја, претходно оваа недела израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече:

„Антисемитските толпи ги зазедоа водечките универзитети. Тие повикуваат на уништување на Израел. Тие ги напаѓаат еврејските студенти. Тие го напаѓаат еврејскиот факултет. Ова потсетува на она што се случуваше на германските универзитети во 1930-тите“, рече Нетанјаху.

Коментарите на Нетанјаху ги повторуваат републиканските лидери кои ги повикаа универзитетските администратори да сведочат, обвинувајќи ги дека дозволуваат кампусите да бидат жариште на антисемитизам.

„Постои соодветно време за Националната гарда. Мораме да воведеме ред во овие кампуси“, рече спикерот ан Претставничкиот дом на САД Мајк Џонсон.

Белата куќа одби да одговори, велејќи дека одлуката да се повикаат единиците на Националната гарда за да се разбијат протестите е на гувернерите на сојузните држави.

XS
SM
MD
LG