Линкови за пристапност

Министерството за здравство на Газа соопшти дека бројот на загинати е над 45.000


Ужалени за време на погреб на Палестинците убиени во израелските напади во јужниот дел на појасот Газа, 16 декември 2024 година
Ужалени за време на погреб на Палестинците убиени во израелските напади во јужниот дел на појасот Газа, 16 декември 2024 година

Министерството за здравство на Газа денес соопшти дека во офанзивата на Израел против милитантите на Хамас во палестинската енклава загинале повеќе од 45.000 луѓе.

Во конфликтот се ранети и речиси 107.000 луѓе, соопшти Министерството.

Тоа не прави разлика меѓу цивили и борци, но претходно соопшти дека повеќе од половина од убиените биле жени и деца.

Министерството во своето дневно ажурирање соопшти дека во текот на изминатиот ден загинале 52 лица.

Претставници на цивилната одбрана и болниците рекоа дека смртоносните израелски напади во неделата вклучуваат напади врз градот Газа на север, Кан Јунис во јужниот дел на Газа и бегалски камп во централна Газа.

Израелската војска соопшти дека нејзините операции во неделата вклучувале напад на комплексот команда и контрола на Хамас во Нусејрат.

Израел постојано ги обвинува милитантите на Хамас за дејствување во областите окупирани од палестински цивили, додека Палестинците и групите за човекови права велат дека израелската војска не прави доволно за да спречи смрт на цивили.

Војната започна во октомври 2023 година со нападот на Хамас врз јужен Израел, при што милитантите убија околу 1.200 луѓе и зедоа 250 заложници.

Околу 100 заложници се`уште се држат во Газа, а најмалку една третина се верува дека се мртви.

Хамас е означен како терористичка група од САД, Обединетото Кралство, Европската Унија и други.

XS
SM
MD
LG