Мерил Стрип никогаш не избегнувала контроверзни ролји.
Уште еднаш, како Маргарет Тачер, таа го покажа своето богато актерско педигре. Нејзините гестикулации, интонација на гласот, го „оживува“ ликот на поранешната британска премиерка.
Успехот не е новина за неа. На 12-ти февруари, ја доби наградата за најдобра актерка, БАФТА, британски еквивалент за Оскарите. На почетокот од декември во Центарот Кенеди беше одликувана за награда за животно дело:
Стрип прв пат беше номинирана за улогата во култниот филм од 1978-ма “Ловецот на елени“, во кој ја игра Линда, жена од средна класа, на која војната во Виетнам остава белег.Оскар за најдобра споредна улога доби за филмот „Крамер против Крамер“.
А во 1982-ра престижната статуетка дојде во нејзини раце за улогата во “Изборот на Софија“, каде играше преживеана од Холокаустот.
Нејзиниот емоционален и интелектуален распон и` донесе улоги како бароница во „Надвор од Африка“.
Како жената-змеј Миранда Пристли во комедијата „Ѓаволот носи Прада“.
Оттука се трансформира во католичка калуѓерка во драмата – „Сомнеж“.
Потоа беше познатата готвачка на француската кујна Џулија Чајлд во „Џули и Џулија“...
Нејзиното портретирање на Маргарет Тачер никого не изненади. И таа не потфрли – ја одигра поранешната британска премиерка силно, принципелно и непоколебливо, како што е Тачер. Како што е таа самата.