Линкови за пристапност

„Артист“ доби Оскар за најдобар филм


„Артист“ доби Оскар за најдобар филм

Црно-белиот филм „Артист“ беше големиот победник во ноќта на доделување на Оскарите по 84-ти пат во неделата навечер, освојувајќи ја наградата за најдобар филм и големи признанија за режисерот и главниот актер.

Французинот Жан Дужардин доби Оскар за најдобар актер за неговата улога во филм за филмска ѕвезда од времето на немиот филм, додека Мишел Хазанавишас беше почестен со наградата за најдобар режисер.

Мерил Стрип доби трет Оскар, во категоријата најдобра актерка, за нејзиното портретирање на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер во „Железната дама“.

Кристофер Пламер направи историја станувајќи најстариот актер што добил Оскар. 82-годишниког беше награден како најдобар актер во споредна улога за неговата улога во „Почетници“ како постар вдовец кој ја прифаќа својата хомосексуалност.

Октавија Спенсер доби стоечки овации кога доби награда за најдобра актерка во споредна улога за нејзината ролја во „Помош“. Таа беше една од двете актерки номинирани во таа категорија од филмот што зборува за Африканско-Американските домашни помошнички во расно сегрегираниот југ на САД во 1960-те.

Друг голем добитник беше „Хјуго“ – визуелно богата тридимензионална посвета на француски филмски пионер. Тој доби пет награди, вклучувајќи за кинематографија, уметничка режија и тонска монтажа.

Во категоријата најдобар филм на странски јазик наградата отиде каде што се очекуваше – кај иранскиот „Одвојување“.

XS
SM
MD
LG