Метју Нимиц, посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, како ретко кога досега замина од Атина и Скопје во атмосфера на оптимизам дека можеби ќе дојде крај на 20-годишниот грчко-македонски спор за името.
“Добив силно уверување од Владата дека името е врвен приоритет. Видов дека и овде, и во Атина, има зголемен интерес за изнаоѓање на решение”, изјави Нимиц пред заминувањето, без да соопшти детали за тоа што конретно му влеало оптимизам.
Ваквото негово раположение остави различни впечатоци меѓу познавачите на проблемот.
Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин, е скептик дека може брзо да се дојде до решение, но вели дека оптимизмот на Нимиц се должи пред се` на притисокот на кој двете страни се изложени од страна на меѓународната заедница, како и поради нивните ослабени позиции заради внатрешните проблеми.
„Очигледно е дека двете страни не демонстирале индиферентост кон заложбите на Нимиц”, забележува Ружин.
За поранешниот шеф на дипломатијата Срѓан Керим, оваа посета на Нимиц го враќа процесот во нормален колосек.
„Нимиц има причина да биде расположен, бидејки процесот на преговори, кој беше исфрлен од својот тек поради игнорантноста на Атина, сега добива нормален тек, како што приличи, и овој чекор кон седнување на маса и разговори за елементи кои треба да доведат до решение зборуваат во прилог на тоа расположение на Нимиц”, изјави Керим во интервју за ТВ Сител.
Впечаток дека била покажана воља од двете страни за решевање на спорот добил и поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов.
„Првпат толку оптимизам дека може да се реши ова прашање. Нимиц не е човек кој лесно дава прогнози, кој се истрчува. Тој сигурно добил реални сугестии од двете страни кои го стеснуваат целото прашање на неколку потпрашања кои треба да се затворат. Домашната политика е фатена во расчекор со активностите на меѓународен план и тоа му пречи на напорот на Нимиц, бидејќи тој и самиот повика дека треба обединување“, изјави Андов.
Поранешниот амбасадор Ристо Никовски, пак е повоздржан во однос на напорите на Нимиц.
„Ова што го прави Нимиц сега е во чиста функција на ЕУ и нема врска со неговиот мандат во ОН. Тој само користи начин како да се најде излез од тунелот, меѓутоа излез кој ќе и одговара на ЕУ, а не на Македонија", оценува Никовски.
Во секој случај, сите оценуват дека до решение ќе се дојде тешко и дека претојат тешки разговори. Според познавачите, двете страни ќе треба да отстапат од своите тврди позиции за да се навлезе во конструктивен разговор што би довел и до конечно решение.
„Двете страни треба да попуштат од појдовните позции. Грчката страна ќе мора да ја напушти позицијата ерга омнес, а од друга страна Македонија ќе треба да најде начин да се придружи кон еден компромис што подразбира да се најде име за употреба во ООН кое ќе биде едно модифицирано име во однос на уставното име кое во секое решение треба да биде задржано”, смета Срѓан Керим.
Нимиц најави дека наскоро во Њујорк ќе ги повика преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, за да се надоврзат на идеите што тој ги претстави во Атина и во Скопје. Повтори дека дел од сугестиите за кои се говори веќе се ставени на маса и дека тој се обидува од нив да искомбинира решение кое би било прифатливо за двете страни.

„Очигледно е дека двете страни не демонстирале индиферентост кон заложбите на Нимиц”.Нано Ружин, поранешен амбасадор на Република Македонија во НАТО
Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин, е скептик дека може брзо да се дојде до решение, но вели дека оптимизмот на Нимиц се должи пред се` на притисокот на кој двете страни се изложени од страна на меѓународната заедница, како и поради нивните ослабени позиции заради внатрешните проблеми.
„Очигледно е дека двете страни не демонстирале индиферентост кон заложбите на Нимиц”, забележува Ружин.
„Процесот на преговори, кој беше исфрлен од својот тек поради игнорантноста на Атина, сега добива нормален тек“.Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија
За поранешниот шеф на дипломатијата Срѓан Керим, оваа посета на Нимиц го враќа процесот во нормален колосек.
„Нимиц има причина да биде расположен, бидејки процесот на преговори, кој беше исфрлен од својот тек поради игнорантноста на Атина, сега добива нормален тек, како што приличи, и овој чекор кон седнување на маса и разговори за елементи кои треба да доведат до решение зборуваат во прилог на тоа расположение на Нимиц”, изјави Керим во интервју за ТВ Сител.
„Тој сигурно добил реални сугестии од двете страни кои го стеснуваат целото прашање на неколку потпрашања кои треба да се затворат“.Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието на Република Македонија
Впечаток дека била покажана воља од двете страни за решевање на спорот добил и поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов.
„Првпат толку оптимизам дека може да се реши ова прашање. Нимиц не е човек кој лесно дава прогнози, кој се истрчува. Тој сигурно добил реални сугестии од двете страни кои го стеснуваат целото прашање на неколку потпрашања кои треба да се затворат. Домашната политика е фатена во расчекор со активностите на меѓународен план и тоа му пречи на напорот на Нимиц, бидејќи тој и самиот повика дека треба обединување“, изјави Андов.
„Ова што го прави Нимиц сега е во чиста функција на ЕУ и нема врска со неговиот мандат во ОН“.Ристо Никовски, поранешен амбасадор на Република Македонија