Линкови за пристапност

Макрон го повика Шји да помогне да се стави крај на војната во Украина


Знам дека можам да сметам на вас да ја вразумите Русија и сите да се вратат на преговарачка маса, му рекол францускиот претседател на кинескиот колега
Знам дека можам да сметам на вас да ја вразумите Русија и сите да се вратат на преговарачка маса, му рекол францускиот претседател на кинескиот колега

Францускиот претседател Емануел Макрон го охрабри кинескиот претседател Шји Џјинпинг да ги искористи односите на Кина со Русија за да помогне да се стави крај на руската војна во Украина.

Макрон му рекол на Шји за време на средбата денес во Пекинг дека руската агресија во Украина ѝ наштетила на меѓународната стабилност.

„Знам дека можам да сметам на вас да ја вразумите Русија и сите да се вратат на преговарачка маса“, рече Макрон.

Кина предложи мировен план за Украина, кој вклучува повик за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, но не ја повикува Русија да ги повлече своите сили од Украина.

Украинските власти рекоа дека ќе се вклучат во мировни преговори само ако Русија ја повлече целата своја војска, додека Русија инсистираше Украина да ги признае областите за кои Русија тврди дека ги анектира.

Дел од информациите се преземени од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG