Воен суд одлучи дека војникот Бредли Менинг, обвинет дека предал американски тајни на ВикиЛикс, не е виновен за индиректно помагање на непријателот, точка од обвинението што можеше да му донесе казна доживотен затвор.
Па сепак, судот во базата Форт Мид, сојузната држава Мериленд, реши дека Менинг е виновен по неколку полесни обвиненија, меѓу кои и кражба на јавна сопственост, шпионажа и компјутерска измама. Казните за нив вкупно може да донесат преку 100 години затвор.
Обвинението од 21 точка го товареше 25-годишникот, поранешен разузнавачки аналитичар во Ирак, дека доставил 700.000 документи, доверливи дипломатски телеграми и армиски извештаи за војните во Ирак и Авганистан.
Менинг веќе се изјасни за виновен по дел од полесните обвиненија.