Денес почнува судењето на американскиот војник Бредли Менинг, обвинет дека доставил стотици илјади доверливи документи до Интернет-страницата ВикиЛикс.
Менинг ќе се појави пред воениот суд во базата Форт Мид, сојузната држава Мериленд. Тој веќе се соочува со 20-годишна казна затвор откако во февруари се произнесе за виновен по 10 од вкупно 22-те точки на обвинението, но би можел да добие и доживотен затвор доколку биде прогласен за виновен за најсериозното обвинување - помагање на непријателот.
25-годишниот Менинг беше уапсен 2010-тата додека служеше во армиски разузнавачки аналитичар во Ирак. Тој призна дека до ВикиЛикс доставил бројни дипломатски телеграми и борбени извештаи од операците под американско раководство во Ирак и Авганистан, со образложение дека сакал да поттикне јавна дебата за американската политика.
Меѓу протечените информации во јавноста е и видео-материјалот од американски хеликоптерски напад во Багдад во кој загинале цивили.
Поддржувачите на Менинг истакнуваат дека тој обелоденил грешки што Пентагон никогаш не би ги признал. Обвинителите, пак, тврдат дека неговата постапка ги загрозила животите на американските војници.