Линкови за пристапност

Намалена можната казна за Менинг


Бредли Менинг: Обвинет по 22 точки, меѓу кои и „помагање на непријателот“
Бредли Менинг: Обвинет по 22 точки, меѓу кои и „помагање на непријателот“

Судијката смета дека војникот обвинет за доставување на доверливи информации до Викиликс едно време во притворот бил чуван поригорозно од потребното.

Армиската судијка Дениз Линд ја намали можната казна за американскиот армиски аналитичар Бредли Менинг, обвинет дека доставувал доверливи документи до Интернет-страницата Викиликс.

Линд реши дека казната би била намалена за 112 дена поради третманот на Менинг во армискиот притвор по апсењето. Војникот е во притвор од средината на 2010-та. Одреден период, армијата го ставила под постојан надзор поради опасност од самоубиство, држејќи го во ќелија без прозорци по 23 часа на ден, а понекогаш и без облека.

Судијката на распитот одлучи дека таквиот вид на казна бил „поригорозен од потребното“ како и дека условите „станале претерани во однос на легитимните владини интереси“. Па сепак, таа рече дека таквата казна не го оправдува барањето на одбраната да се отфрлат сите обвиненија против Менинг.

Обвинението го товари Менинг по 22 точки, меѓу кои и „помагање на непријателот“, која носи максимална казна доживотен затвор. Судењето е закажано за 6-ти март.

Дипломатските телеграми и армиските извештаи до кои дојде Викилилс и започна да ги објавува во јули 2010-та ја разгневија меѓународната заедница, често давајќи отворени и нималку ласкави американски гледишта за приватниот и јавниот живот на странски државници.

Американски официјални лица велат дека објавувањето на украдените документи од страна на Викиликс загрозило животи на Американци, претставува закана по националната безбедност и ги поткопува американските напори да соработуваат со други земји.
XS
SM
MD
LG