Американски армиски обвинители ги изложија деталите од обвинението против војникот Бредли Менинг, 23-годишниот разузнавачки аналитичар кој се товари дека оддал тајни документи на Интернет-страницата Викиликс.
Менинг е обвинет по 22 основи, од кои најсериозната е „помагање на непријателот“. Воен судија на распитот во близина на Балтимор, сојузната држава Мериленд, кажа дека обвинителството ќе се обиде да докаже наводните постапки на Менинг индиректно и` помогнале на Ал-Каида, особено на Ал-Каида на Арапскиот Полуостров.
На прелиминарното сослушување во декември, обвинителите тврдеа дека нашле докази дека Менинг префрлал дипломатски телеграми на компакт-дискови што потоа ги испраќал на Викиликс. Тој, наводно, оддал огромно количество на телеграми и армиски документи за Ирак и Авганистан.
Адвокатите на Менинг го опишуваат како проблематичен човек кому не требало да му се дозволи пристап до тајни материјали додека бил на служба во Ирак од ноември 2009-та до мај 2010-та година. Адвокатите додаваат дека армиската контрола над комјутерите била несоодветна.
Доколку биде осуден, Менинг може да добие доживотна казна затвор.