Американскиот претседател Барак Обама доживеа уште еден удар од разочарувачкиот месечен извештај за стапката на невработеност во земјата во време кога ја завршува дводневната турнеја со автобус по Охајо и Пенсилванија на кампањската патека.
Најверојатниот предизвикувач на Обама на претседателските избори во ноември, републиканецот Мит Ромни, ја окарактеризира стапката на невработеност од 8,2 проценти како „неприфатливо висока“ и оти политиката на претседателот „не ги вратила загубените работни места во САД“.
Охајо и Пенсилванија се две клучни сојузни држави, каде во 2008-ма победи Обама. Претседателот ја користи кампањата да се претстави како поголем поборник за правата на средната работничка класа Американци отколку опонентот Ромни, богат бизнисмен уште пред да влезе во политиката.
Поранешниот гувернер на Масачусетс е на одмор со семејството во североисточната држава Њу Хемшир и во моментов не е активно вклучен во кампања.
Зборувајќи во Толедо, Охајо, пак, претседателот Обама како дел од кампањата најави поднесувањето нова тужба во Светската трговска организација за повеќе од три милијарди долари за наводно нефер такси што Кина ги поставува за автомобили произведени во САД. Тој пред насобраните рече дека Американците имаат потреба од „фер правила на игра“.
На својата кампања низ двете сојузни држави Обама главно се фокусираше на позитивните аспекти на економијата и растежот на работни места во приватниот сектор. Но за овој месесечен извештај стручњаците веруваат дека е еден од најважните показатели за состојбата на економијата, што не му оди во прилог на актуелниот претседател.