Линкови за пристапност

Борбите интензивирани во Донецк, источна Украина


Еден од бунтовниците извести за 30 од неговите соборци убиени, а градоначалникот на Донецк кажа дека бројот на убиени бил 40 лица

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повикува на запирање на украинската воена операција против проруските сепаратисти во источна Украина. Лавров рече дека Русија ги поддржува обидите за преговори за мирен крај на кризата.

Борбите продолжија во источниот град Донецк, каде сепаратистите во понеделник го нападнаа градскиот аеродром.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков кажа дека владините сили сега повторно ја имаат целосната контрола на местото.

Еден од бунтовниците извести дека 30 од неговите соборци биле убиени, додека градоначалникот на Донецк кажа дека бројот на убиени бил 40 лица, вклучувајќи и двајца цивили.

Петро Порошенко, милијардер кој доби мнозинство гласови на неделните претседателски избори, во понеделникот кажа дека мир може да биде постигнат со преговори, но дека оружје ќе биде употребено против оние сепаратисти што тој ги вика „терористи“.
XS
SM
MD
LG