Линкови за пристапност

Пред изборите, борбите продолжуваат во источна Украина


Тринаесет владини војници биле убиени во напад на сепаратистите доцна во четврток, кревајќи ги стравувањата за насилство пред неделното гласање.

Борбите продолжија во петок меѓу проруските сепаратисти и владините сили во источна Украина, два дена пред претседателските избори.

Сведоци и безбедносни претставници на Киев известија за судири во градовите Семеновка и Рубижне, како и во регионот на Донецк.

Тринаесет владини војници биле убиени во напад на сепаратистите доцна во четврток, кревајќи ги стравувањата за насилство пред неделното гласање.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го осуди насилството велејќи дека сите страни треба да ги удвојат напорите да се обезбедат слободни, фер и безбедни избори.

Украинските претставници ја обвинуваат Русија за обид да го ескалира конфликтот и да ги поремети изборите, кои Москва со колебање ги поддржа.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во петок го обвини западот за таканаречена „опасна мегаломанија“ за предизвикување на кризата.

Зборувајќи на конференција во Москва, Лавров исто така кажа дека Запад се обидува да ја стави под контрола Русија употребувајќи тактики од времето на Студената војна.
XS
SM
MD
LG