Линкови за пристапност

Обама ги фали односите со Кина


Претседателот вели дека американско-кинеските односи биле „кооперативни и конструктивни“

Претседателот Барак Обама ги фалеше американско-кинеските односи како „кооперативни и конструктивни“, на завршувањето на последниот ден од турнејата низ Југоисточна Азија.

На маргините на регионалниот самит во камбоџанскиот главен град Обама на кинескиот премиер Вен Џиабао му кажа дека Вашингтон и Пекинг треба да работат заедно за доброто на глобалната економија.

Ова беше последна официјална средба на Обама со Вен, кој ја напушта функцијата како дел од промената на раководството во Пекинг.

На средбата, премиерот на Јапонија Јошико Нода предупреди на „зголемена острина на безбедносната ситуација“ во Азискиот Пацифик и го поздрави зголеменото американско прируство во регионот.
XS
SM
MD
LG