Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Камбоџа, каде ќе се сретне со 10-те лидери од Асоцијацијата на југоисточни азиски нации.
На агендата е средба со премиерот Хун Сен. Белата куќа истакна дека претседателот ќе изрази загриженост за состојбата со почитувањето на човековите права во Камбоџа.
Претходно американскиот лидер се обрати на Универзитетот во Рангун. Обама рече дека дошол да го одржи ветувањето и да пружи „рака на пријателство“.
Претседателот Обама повика на ставање крај на насилството во Бурма, алудирајќи на неодамнешните крвави етнички судири меѓу Муслиманите и Будистите.
Тој гледа охрабрувачки знаци за оваа земја изминатата година, вклучувајќи го и ослободување на Ан Сан Су Чи од домашен притвор и нејзиниот избор за пратеничка во Парламентот.