Опозиционите Републиканци го нападнаа претседателот Обама за неговите оценки околу контроверзниот план за изградба на муслимански културен центар, вклучувајќи и џамија, во близина на местото на некогашниот Светски трговски центар, кој беше урнат по терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва.
Сенаторот Џон Корнин за телевизијата Фокс, рече дека не е мудро да се гради џамија во близина на локацијата каде повеќе од 2600 Американци го загубија животот. Тој го опиша Обама дека ја загубил врската со традицонална Америка, за како што рече неговата поддршка за изградба на Центарот.
Во саботата, Обама рече дека го поддржува правото на Муслимани да изградат верски центар на имот во приватна сопственост во Њујорк, но оти нема да ја коментира „мудроста“ за таков чекор.
Ова најверојатно е чекор наназад од коментарите на Обама кога за време на вечерата во Белата куќа со која се прослави светиот месец Рамазан, рече дека американската заложба за религиозни слободи мо ра да остане „непотресена“.
Конгресменто Питер Кинг, кој се противи на планираната локација на Центарот, го обвини Обама дека ја менува позицијата за проектот.