Линкови за пристапност

Перо Антиќ: Одбраната е клуч на победата


Перо Антиќ: За плејофот - одбрана клуч на победата
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00

Перо Антиќ: За плејофот - одбрана клуч на победата

Доцна синоќа Атланта во полуфиналето на Источната конференција на НБА на домашен терен го порази Вашингтон со 106:101

„Шестката“ на Атланта хокс имаше солиден учинок - 7 поени за 14 минути, колку што беше во игра. И натаму има безрезервна доверба кај тренерот Мајк Буденхолзер. Кај гостите од Атланта се издвои плејмејкерот Џеф Тиг со 26 поени. Кај домаќините, во отсуство на повредениот Џон Вол, најдобар беше Бредли Бил со 34, а ветеранот Пол Пирс постигна 5 тројки и вкупно 22 поени. Антиќ по мечот за Гласот на Америка коментираше за клучот на важната победа на гостинскиот паркет.

„Едноставно - 48 минути добра одбрана. Напаѓавме многу повеќе од минатите натпревари кога бевме пасивни. Пресреќен сум затоа што се оствари планот на тренерот кој бараше од нас да бидеме сконцентрирани цел натпревар, а не да паѓаме на почетокот во првата четвртина која беше клучна кога губевме 15 поени разлика па беше тешко да надокнадиме. Се враќаме во Атланта и имаме предност на домашен терен“, вели македонскиот интернационалец.

Со победата, Атланта израмни на 2:2 во серијата „најдобар од седум натпревари“. Следниот меч се игра во среда во Атланта. Петтиот натпревар е вообичаено клучен во една плејоф серија.

„По некои математики - да. Но, јас не верувам во тоа. Во НБА, во финишот, не се знае кој ќе шутира, кој ќе погоди, но домашниот терен е пресуден. Навивачите се тука, се игра пред полна сала, ќе ни дадат дополнителна енергија и ако играме како што почнавме на овој натпревар, исходот ќе биде на наша страна“, заклучува Антиќ.

Вели, среќен е што игра во плејоф-натпреварувањата, но признава: набиената агенда е - истошувачка.

XS
SM
MD
LG