Линкови за пристапност

Перо Антиќ фокусиран на плејофот


Перо Антиќ: Инцидентот во Њујорк е зад мене, фокус на плејофот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Македонскиот интернационалец во НБА кој игра за Атланта хокс вели дека инцидентот од Њујорк е зад него

Тоа беше сцена како пред секој натпревар во НБА: рутински подготовки, храна, енергетски пијалоци и интерес од медиумите. На крајот Атланта хокс загубија од Вашингтон визардс со 108:99. Македонскиот центар Перо Антиќ играше 18 минути и постигна 8 коша.

Во разговорот по натпреварот неминовно се наметна и темата за инцидентот во Њујорк од минатата недела. Антиќ за ова нерадо зборува, но за Гласот на Америка направи исклучок.

„Магла има поради нашите медиуми. Дали не` знаат да преведат или имаат некој вид на омраза спрема мене, не знам. Пренесоа сосема други причини за приведувањето. А се случи ова: нападнат беше мој соиграч, јас бев во кола, излегов, ги прашав зошто го апсат, ми рекоа да седам настрана, што го направив, но на крај ме зедоа со него. Јас никогаш нема да оставам другар во било која ситуација. Не беше праведно тоа што му се случи нему, а ниту и мене. Има видео. Можат да видат нашите медиуми за што се работи. Разочаран сум... како да едвај дочекаа да напишат нешто лошо“, кажа Антиќ.

Тој вели дека се` уште не може да разбере од каде дошло тоа „необјективното известување“ од некои македонски медиуми:

„Има видео. Ниту сум попречувал, ниту интервенирал. Имам 33 години, две малолетни деца, не ми паѓа на памет да ја попречувам полицијата во работата“, додава Антиќ.

Тој е убеден дека обвиненијата против него ќе бидат отфрлени.

„Имам поддршка од цел тим. Од претседателите, менаџерите, од тренерот, од соиграчите. Тие не` знаат. Целосно застанаа зад нас по овој инцидент во Њујорк“, вели „шестката“ на Атланта.

А инцидентот се случи минатата недела пред ноќен-клуб во Менхетн, кога центарот на Индијана пејсерс Крис Копланд бил прободен со нож при расправија со трети лица. Кошаркарите на Хокс, македонскиот интернационалец Перо Антиќ и Табо Сефолоша биле приведени во истиот инцидент, заради наводно попречување на истрагата на местото на настанот.

Тренерот на Атланта хокс, Мајк Баденхолцер, по натпреварот, на наше прашање за овој настан и инволвираноста на Антиќ, вака одговори:

„Имаме огромна доверба во Перо. За нас е многу корисен играч. Среќни сме што го имаме во нашите редови речиси две години. Многу е паметен и добар играч“, изјави Баденхолцер.

Антиќ се надева дека ќе го продолжи договорот по завршувањето на сезоната и ќе остане во Атланта која ја доживува како нов дом. За непосредните планови кажа: „Се темпира формата за плејоф натпреварите и одиме чекор по чекор. Затоа имаме успех сезонава во НБА и заслужено сме на прво место во Источната конференција.

XS
SM
MD
LG