Линкови за пристапност

Еден на еден со Перо Антиќ: зголемен апетит сезонава


Перо Антиќ од Атланта хокс - втора сезона во НБА
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:46 0:00

Перо Антиќ од Атланта хокс - втора сезона во НБА

Македонскиот интернационалец во редовите на Атланта се надева екипата да зачекори подлабоко во плеј-оф натпреварувањето во НБА

Атланта хокс синоќа во гости го совлада Вашингтон визарс со 107:102. Македонскиот интернационалец играше 18 минути и постигна 5 поени.

На македонскиот центар во редовите на Атланта ова му е втора сезона во НБА. Вели, веќе се навикнал на интензивниот распоред на натпреварите и начинот и динамиката на играта. Не му пречи што по враќањето на Ал Харфорд ја загуби минутажата и не е повеќе во првата петорка.

„Нормално е тоа. Сепак, Ал Харфорд е прва ѕвезда во тимот. Знаме сите како е во НБА, бизнисот е на прво место. Но, мене ми е најважно да победуваме. Јас имам своја минутажа и ќе се обидам да ја искористам максимално“, вели Антиќ.

Договорот на „шестката“ од Хокс по оваа сезона истекува и тој се надева дека ќе го продолжи.

За очекувањата од сезонава, 32-годишниот центар вели: „На сите апетитите им се зголемија. Тимот има нов претседател, 15 играчи имаат потпишано договори. Се разбира дека чекор повеќе е минување на првото коло од плејофот“.

Иако живее во САД, ги следи случувањата во македонската кошарка. За последните настани врзани со двата најтрофејни клубови, коментира: „Како што во Белград има ривалство меѓу Ѕвезда и Партизан, во Грција – Панатанаикос и Олимпијакос, во Скопје, тоа е меѓу Работнички и МЗТ. Многу е лошо што политиката се вмеша во спортот. Мислам дека треба да видиме како работат во другите држави и да се инвестира во младите категории. Тоа треба да го прават клубовите“.

XS
SM
MD
LG