Линкови за пристапност

Мирно на Блискиот исток


Примирјето постигнато со посредство на Египет влезе во сила во 9 часот навечер локално време во среда.

Доколку Израел и милитантите на Хамас кои управуваат со Појасот Газа го одржат мирот до 9 часот навечер по локално време, граничните области од Газа ќе бидат отворени, дозволувајќи им на луѓе и стока проток во и надвор од територијата.

Примирјето постигнато со посредство на Египет влезе во сила во 9 часот навечер локално време во среда.

Египетскиот министер за надворешни работи Мохамед Камел Амр примирјето го објави во Каиро со американската државна секретарка Хилари Клинтон до него.

Жителите на Газа излегоа на улица по соопштението, а некои пукаа во воздух како израз на радост.

Египет ја следи ситуацијата на двете страни. Примирјето уследи по неколку дена интензивни воздушни напади на двете страни на границата меѓу Израел и Појасот Газа, оставајќи над 140 Палестинци и петмина Израелци мртви.
XS
SM
MD
LG