Линкови за пристапност

Хилари Клинтон во мисија да го „гаси“ пожарот на Блискиот исток


Државната секретарка замина за Израел, по што ќе се сретне и со други регионални лидери

Американскиот претседател Барак Обама ја испраќа државната секретарка Хилари Клинтон во Израел, Рамала и во Каиро да се сретне со регионалните лидери и да разговара за меѓуграничниот конфликт меѓу Израел и палестинските милитанти во Газа, кој влезе во седмиот ден.

Клинтон патуваше со претседателот Обама на азиската турнеја, а вчера замина за Ерусалим, каде ќе се сретне со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху.

Дипломатските напори до сега не успеаја да го смират судирот. Итната седница на Советот за безбедност на ОН доцна синоќа не донесе постигнување договор.

Во меѓувреме, густ чад го покрива Газа Сити, додека Израел ја спроведува воздушната кампања против милитантите на Хамас, кои со проектили ја напаѓаат израелската заедница од другата страна на границата.
XS
SM
MD
LG