Линкови за пристапност

Египет најави прекин на огнот меѓу Израел и Хамас


Американската државна секретарка Хилари Клинтон на прес-конференцијата во каиро со египетскиот министер за надворешни работи Мухамед Камел Амр.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон на прес-конференцијата во каиро со египетскиот министер за надворешни работи Мухамед Камел Амр.

Американската државна секретарка Клинтон ја пофали новата египетска влада дека презела водечка улога во мировниот напор.

Египет најави дека постигнал прекин на огнот меѓу Израел и Хамас шти треба да стапи на сила вечерва во 21 часот по локално време во Каиро. Египетскиот министер за надворешни работи Мухамед Камел Амр ја соопшти веста со американската државна секретарка Хилари Клинтон покрај себе.

Најавата за прекин на огнот доаѓа по интензивната шатл-демократија на Клинтон и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Клинтон ја пофали новата египетска влада дека презела водечка улога во мировниот напор и најави дека САД и Египет ќе соработуваат на наредните чекори во процесот.

„Ова е критичен момент во регионот“, рече Клинтон на прес-конференцијата во Каиро.

Во изминативе неколку дена, над 140 Палестинци и пет Израелци загинаа во интензивните ракетни напади што ги потресоа обете страни на границата меѓу Израел и Појасот Газа.

Во центарот на Тел Авив денес беа повредени 27 лица, од кои некои сериозно, во експлозија на бомба во автобус. Портпаролот на израелската полиција Мики Розенфелд кажа дека таа се наоѓа во состојба на зголемена готовност.

Во градот Газа, нападот наиде на одобрување на портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри, кој рече дека се работи за одмазда за убиените во Газа последниве неколку дена.

Газа ја погоди нова серија ракетни и воздушни напади по експлозијата во Тел Авив. Според плестински медицински извори, денес загинале најмалку 10 лица, меѓу кои и едно момче.
XS
SM
MD
LG