Линкови за пристапност

Мекнамара: САД да покажат лидерство во Чикаго


Мекнамара: САД да покажат лидерство во Чикаго
Мекнамара: САД да покажат лидерство во Чикаго

Според аналитичарката од Херитиџ, претседателот Обама на Самитот на НАТО Обама има шанса да помогне Македонија да стане членка.

„Да се обезбеди дека Македонија годинава ќе се приклучи на НАТО, тоа би било знак дека претседателот Обама навистина, ја разбира примарната ролја на Америка во создавањето и одржувањето на демократскиот глобален поредок“, нагласува Сали Мекнамара, аналитичарка од Фондацијата Херитиџ, во ставот објавен на Интернет-странивата на ТВ-мрежата Фокс Њуз. Мекнамара бара од првиот човек на САД да покаже лидерство на Самитот во Чикаго во мај и да изврши притисок Македонија да стане дел од Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен веднаш по пресудата на Меѓународниот суд на правдата коментираше дека Македонија ќе добие покана штом ќе се најде решение за името, а американскиот заменик-помошникот државен секретар Филип Рикер во декември укажа на овој став на Алијансата и рече дека Вашингтон ќе продолжи да ги охрабрува обете земји да најдат решение, што САД потоа ќе го прифатат.

Професорот Даниел Сервер и добар познавач на Балканот,на блогот Писфеар (www.peacefare.net) коментираше дека Грција треба да се издигне над балканските услови во кои губитокот на една страна е автоматски придобивка за друга и да покаже европска далекусежност со тоа што ќе го деблокира приемот на Македонија во НАТО. Сервер препорача Македонија најпрвин да биде примена под референцата БЈРМ, а потоа да се решава прашањето за името.

На исто линија со Сервер е и македонскиот амбасадор во САД и преговарач за името, Зоран Јолевски. Тој во интервју за Гласот на Америка минатата недела рече дека „За Македонија е приоритетно да влезе во Алијансата; спремни сме да влеземе на начинот на кој досега влегувавме во другите меѓународни организации“.

Грчкиот премиер Лукас Пападимос неодамна ја акцентираше позицијата на својата земја дека единствена солуција е „ерга омнес“ - едно име за севкупна употреба. Според Пападимос, тоа, воедно, и единствена позиција за која официјална Атина сака да разговара, како и дека е потребно решение за името пред Македонија да може да влезе во НАТО.

XS
SM
MD
LG