Линкови за пристапност

Владата на Обама да притисне за прием на Македонија во НАТО


Владата на Обама да притисне за прием на Македонија во НАТО
Владата на Обама да притисне за прием на Македонија во НАТО

За аналитичарките е важно НАТО да испрати порака дека има место во Алијансата за балканските земји кои тоа го заслужиле, како Македонија.

Сали Мекнамара и Морган Роач од Фондацијата Херитиџ во Вашингтон велат дека Македонија ја ужива поддршката на сегашната американска влада, исто како што тоа беше случај со поранешната. Па сепак, во написот објавен на Интернет-страницата на Фондацијата заклучуваат дека тоа не е доволно да се обезбеди влез во НАТО. Затоа, бараат од Белата куќа да ги искористи дипломатските канали во Европа и преку американските претставници во Атина да го зголеми меѓународниот притисок врз Грција за брзо решавање на ситуацијата.

„И Европа ќе мора да да изврши значителен дипломатски притисок, особено Франција и Германија, а САД треба да побараат од Берлин и Париз да направат ова прашање да биде приоритет за самитот (на НАТО во Лисабон, н.з.)“, велат Мекнамара и Роач.

За аналитичарките е важно НАТО да испрати порака дека има место во Алијансата за балканските земји кои тоа го заслужиле, како Македонија. Проблемот го лоцираат на страната на Грција, за која велат дека го блокира приемот на Македонија поради чисто билатерално прашање, дека тоа е спротивно на принципите на НАТО, и ја повикуваат да покаже подготвеност да стане регионален фактор, отколку да блокира. Мекнамара и Роач наведуваат дека иако населението на Македонија е една петина од она на Грција, Скопје има дадено повеќе војници од Атина во меѓународната мисија во Авганистан.

„Уште од самиот почеток, проширувањето на НАТО се покажа како заштитен знак на европската интеграција и Македонија не само што го заслужи своето место во Алијансата, туку и повеќе од тоа. САД и клучните европски сојузници, меѓу кои Британија, Франција и Германија, треба да застанат до своите пријатели и да ги интензивираат напорите за да се обезбеди местото на Скопје на масата повеќе да не се блокира неправедно“, заклучуваат Мекнамара и Роач од Фондацијата Херитиџ.

На истава тема, деновиве за Гласот на Америка коментираа редица аналитичари и американски владини претставници. Заменик-државниот секретар Џејмс Стајнберг кажа дека САД го поддржуваат процесот под покровителство на ОН и јасно им укажале, и на Атина, и на Скопје, дека сакаат да ги охрабрат да најдат решение што би било од голема корист за обете страни. Поранешниот американски амбасадор во НАТО Курт Вокер, пак,смета дека нема можност Македонија да влезе во НАТО под привремената референца БРЈМ, и покрај спогодбата од 1995-та по чија основа Македонија се придружи на меѓународни организации под тоа име. Вокер смета дека фактите сега се променети и дека Грција јасно ставила до знаење дека нема да го поддржи македонското членство под референцата.

XS
SM
MD
LG