Линкови за пристапност

Топлотниот бран во САД ќе потрае


Без струја и натаму над два милиони жители во источниот дел на земјата

Метеоролозите предвидуваат дека топлотниот бран на источниот дел на САД ќе продолжи во текот на неделава.

Екстремно високите температури особено погодија повеќе од два милиони луѓе кои се` уште се без струја во регионот, по големото невреме измнинатиот петок при што беа соборени дрвја и далноводи.

Со температури околу 40 степени целзиусови, во многу домови не работат фрижидерите и уредите за ладење. Компаниите за обезбедување енергија предупредуваат дека ќе бидат потребни недели пред да се врати животот во нормала.

Најмалку 20 жртви има од невремето или во врска со екстремните температури во регионот, а најранливи се болните и постарите.

Главниот град Вашингтон и соседните држави – Мериленд, Охајо, Вирџинија и Западна Вирџинија, се меѓу оние кои прогласија вонредна состојба.
XS
SM
MD
LG