Линкови за пристапност

Хакери упаднаа во сообраќајниот систем на Сан Франциско


Хакери упаднаа во сообраќајниот систем на Сан Франциско
Хакери упаднаа во сообраќајниот систем на Сан Франциско

Објавија контактни податоци на 2.000 корисници

Хакерска група објави контактни податоци на корисници на јавниот превоз во Сан Франциско откако јавното сообраќајно претпријатие го блокираше користењето на мобилните телефони на некои станици за да спречи протест.

„Анонимус“ објави имиња, поштенски и електронски адреси и телефонски броеви на околу 2.000 лица на својата Интернет-страница, откако ги презела од страницата на претпријатието.

Групата тврди дека потегот е во знак на протест поради спречувањето на слободата на говорот и дека „нема да толерира угнетување од која и да е владина агенција“.

Јавното сообраќајно претпријатие четвртокот оневозможи користење на мобилни телефони на дел од станиците во обид да спречи преку нив да биде организиран протест против убиството на бездомник, кого полицијата го застрела кога и` се заканил со нож.

Претпријатието објави дека хакерите сепак не ја погодиле главната Интернет-страница и ги предупреди корисниците на јавниот превоз дека тие можеби ќе се обидат да го попречат попладневниот сообраќајот при враќањето од работа во понеделник.

XS
SM
MD
LG