Линкови за пристапност

Хакери тврдат дека ја пробиле страницата на ЦИА


Хакери тврдат дека ја пробиле страницата на ЦИА
Хакери тврдат дека ја пробиле страницата на ЦИА

Групата тврди дека напаѓа за да ги истакне слабостите во кибернетската безбедност.

Група хакери тврди дека доцна средата пробила во Интернет-страницата ЦИА.

Страницата имаше проблеми во текот на вечерта, а групата што самата се нарекува „Лалз секјурити“ преку Твитер порача дека страницата не функционира. Досега нема индикации дека бил извршен упад во чусвтвителните податоци на внатрешната компјутерска мрежа на американската разузнавачка агенција.

Портпарол на ЦИА изјави дека се проверува тврдењето на групата.

Истите хакери презедоа одговорност за неодамнешните напади на страниците на Сенатот, Сони, Нинтендо и Јавната телевизиска мрежа во САД. Групата, за која се претпоставува дека има членови од други земји, сугерира дека ги напаѓа страниците за да ги истакне слабостите во кибернетската безбедност.

XS
SM
MD
LG