Линкови за пристапност

Србија го уапси Горан Хаџиќ


Србија го уапси Горан Хаџиќ
Србија го уапси Горан Хаџиќ

Последниот обвинет од Хашкиот суд кој беше во бегство

Српските власти соопштија дека го уапсиле Горан Хаџиќ, последниот обвинет од Хашкиот суд за воени злосторства кој се наоѓаше о бегство.

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека Хаџиќ бил уапсен средата наутро на Фрушка Гора. Овој водач на хрватските Срби за време на судирот во 1990-те исчезна откако во 2004-та беше обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото. Тој се товари дека наредил убиство на стотици и депортација на илјадници несрпско население од Хрватска.

Тадиќ кажа дека апсењето на Хаџиќ го означува крајот на едно од најтешките поглавја на српската соработка со Судот на ОН за воени злосторства. Апсењето на Хаџиќ беше последното неисполнето барање од Хаг, по апсењето на армискиот водач на босанските Срби Ратко Младиќ во мај годинава.

Европската унија денес соопшти дека „енергично ја поздравува“ беста за апсењето и дека тоа е „важен чекор“ во српската аспирација за членство во Европската унија.

XS
SM
MD
LG