Линкови за пристапност

Караџиќ се појави пред Трибуналот во Хаг


Караџиќ пред Трибуналот изјави, како и претходно од затворската ќелија, дека сам ќе се брани, одбивајќи бранител поставен од судот.

На Караџиќ му се предочени 11-те основи на обвинението, за геноцид, кривични дела против човештвото и воени кривични дела во војната во БиХ меѓу 1992-1995. Ако биде осуден 63 годишниот Караџиќ се соочува со доживотен затвор.

Караџиќ пристигна во Хаг во средата, една недела откако беше уапсен од српската полиција во Белград. Под лажно име повеќе од деценија се занимавал со алтернативна медицина.

XS
SM
MD
LG