Според српски министер српската влада авторизирала екстрадиција на Младиќ на трибуналот за воени кривични дела на Обединетите нации во вторник, откако судиите ја одбиле неговата жалба. Со претходна судска одлука 69-годишниот Младиќ е прогласен за доволно здрав да биде подложен на судење.
Специјален полициски конвој го пренел Младиќ од белградскиот суд до аеродромот во Белград, каде бил качен на авион. Порано во вторник властите го придружувале Младиќ до белградските гробишта за куса посета на гробот на неговата ќерка Ана, која се самоубила во 1994.
Трибуналот во Хаг го товари поранешниот генерал за наредување на масакр во 1995 на околу 8.000 муслимански мажи и момчиња во босанскиот град Сребреница. Тој е исто така обвинет за воени кривични дела што се однесуваат на тригодишната опсада на босанскиот главен град Сараево, за време на босанската цивилна војна од 1992 до 1995.
Младиќ минал 16 години криејќи се додека српските власти не го уапсиле минатиот четврток на фарма на роднина близу белград.
Околу 10.000 поддржувачи на Младиќ се собрале во вторник во главниот град на босанските Срби, Бања Лука, во знак на протест заради неговото апсење, извикувајќи го неговото име и носејќи негови слики. Мировниот договор со кој заврши Босанската војна ја поделија државата на етнички Српска и Муслиманско-хрватски републики, поврзани со слаба централна влада.