Линкови за пристапност

Разочарувачки цифри за невработеноста


Најновиот месечен извештај не покажува напредок што може да е голем фактор за претстојните избори во САД

Слабиот пазар на труд во САД додаде само 80.000 нови работни места во јуни, оставајќи ја стапката на невработеност на 8,2 проценти.

Некои економисти проектираа поголем напредок, но разочарувачките цифри се само маргинално подобри од анемичните 69.000 забележани во мај.

Оваој месечен извештај се смета за барометар на економијата во целина и многумина веруваат дека ќе игра клучна улога во американските претседателски избори.

Зашто над 12 милиони американски работници се без работа, и се` повеќе секој месец откако Обама дојде на функцијата во 2009.
XS
SM
MD
LG