Линкови за пристапност

Претседателот вели Конгресот е виновен за економијата


Американскиот претседател остро ги нападна законодавците што ги игнорираат неговите предлози за работни места.

Американскиот претседател Барак Обама со остра осуда на Конгресот за, како што кажа, бавниот раст на економијата, потенцирајќи дека законодавците треба да ги одобрат неговите предлози за креирање на нови работни места.

Обама изјави дека плановите за вработувања што ги претставил минатата година, ќе резултираат со отварање на нови работни места во областа на градежништвото, а на преку 450.000 локални и вработени во владите на сојузни држави, отпуштени од работа изминативе неколку години, да се вратат на работа. Претседателот ги обвини своите политички противници во Конгресот за игнорирање на многу од неговите предлози воочи претседателските избори во ноември.

Американската економија е најголема во светот, но според најновите извештаи пазарот на работна сила изминативе неколку месеци незначително пораснал, а нивото на невработеност во моментов изнесува рекордни 8,2 процента.
XS
SM
MD
LG