Бројот на барања за бенефиции заради невработеност поднесени прв пат, минатата недела остана непроменет – близу тримесечен рекорд, што се толкува како знак дека нови вработувања има со забавено темпо.
Владиниот Оддел за труд во четврток објави дека 388.000 невработени работници поднеле барања за финансиска помош, што е едвај нешто помалку од неделата пред тоа. Бројот на новите барања за бенефиции постепено опаѓаше порано годинава. Но, владата извести дека вработувањето забавило во март и трендот може да продолжи низ април.
Централната банка во среда кажа дека американската економија бележи скромен растеж, и дека стапката на невработеност објавена во март, од 8,2 проценти, може да падне под 8 проценти до крајот на годината и да падне уште повеќе до 2014.