Линкови за пристапност

Вашингтон го запознава Балканот преку фотографии


Вашингтон: Изложба на фотографии за Западниот Балкан
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00
Direct link

Вашингтон: Изложба на фотографии за Западниот Балкан

Заеднички проект на шест земји за промоција на туристичкиот сектор на регионот

На Балканот да не се гледа само како на место каде имало бројни крвопролевања, туку и како интересна туристичка дестинација – ова е идејата на изложбата на фотографии од земјите од Западниот Балкан, на неколку локации неделава во Вашингтон.

Mостар. Шар Планина. Чајџилница во Тирана. Галичка свадба. Златибор. Фотографиите што ве оставаат без здив се дел од проектот во кој учествуваат шест балкански земји, поддржан од УСАИД и Регионалната иницијатива за конкурентност, за менување на перцепцијата за регионот.


Туристичките патувања се значаен сегмент во меѓусебното запознавање на нациите. Западниот Балкан има што да понуди на американските туристи, подвлече во разговорот за Гласот на Америка, Филип Стојановиќ, регионалниот директор на Иницијативата.

Галичка свадба
Галичка свадба

„Регионот треба да се промовира како регион. За САД, не е интересна само една земја која е интересна, затоа што се многу мали. Регионот се натпреварува за привлекување странски туриски со Блискиот исток, Југоисточна Азија и треба да почне да соработува за да се продаде како интересна дестинација за странци“, размислува Стојановиќ.

Регионот се натпреварува за привлекување странски туриски со Блискиот исток, Југоисточна Азија ...
Филип Стојановиќ, Регионалната иницијатива за конкурентност

„Целта на проектот е да се вклучат жителите од Западниот Балкан во заштитата на природните богатства преку одржлив туризам, да ги споделат автентичните локации и да направат заедничка Интернет-страница преку која Американците ќе ги планираат своите патувања во регионот“, вели Џим Дион, менаџерот за одржлив туризам при Нешенал џиографик, организација која исто така даде поддршка на изложбата.

Проектот го поддржува и македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски.

„Ова е еден од првите чекори што ги правиме за промоција на Македонија и за другите земји од регионот, како посакувана туристичка дестинација. Работите на воспоставување контакт со поголем број тур-оператори во САД. Им ги презентираме можностите за минување одмор во Македонија“, вели Јолевски.


Регионот како привлечна туристичка дестинација е претставен на Интернет-страницата на проектот.

XS
SM
MD
LG