Линкови за пристапност

Ајварот не е непозната за Американците


Македонски производи на Саемот за гурманска храна во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00
Direct link

Македонски производи на Саемот за гурманска храна во Вашингтон

Македонски производи на Саемот за гурманска храна во Вашингтон.

Гурманите во Вашингтон деновиве можеа да пробаат македонски ајвар на најголемиот саем за етничка храна и специјалитети во Северна Америка. Меѓу 2.400-те изложувачи од 80-тина земји во светот, беше и семејна компанија од Њу Џерси, која ја водат Македонци, а се занимава со дистрибуција на македонски производи во САД и Канада.

„Фаст-пак треjдинг“ функционира веќе 20 години на пазарот во САД. Главна дејност и` е увоз на гурманска храна од Македонија. Сопственикот, скопјанецот Иванчо Ивановски веќе 25 години живее во САД.

60 до 70% од увозот го дистрибуираат до американските супермаркети, а остатокот до мали продавници специјализирани за храна од разни делови на светот. Се` повеќе се бара македонскиот бренд, коментира Ивановски.

Нашата фирма со организирање на дегустации по супермаркетите успеа да го наметне ајварот на американските муштерии.
Иванчо Ивановски,
„Фаст-пак треjдинг“

„Американецот ќе го прифати, ако е вкусно, квалитетно. Нашата фирма со организирање на дегустации по супермаркетите успеа да го наметне ајварот на американските муштерии. Тие ги користат на поинаков начин од нас. На пример, го јадат со риба, го додаваат како сос за шпагети“, вели Иванчо.

Неговиот син е директор на фирмата, но го учи занаетот од татка си. Размислува, мора да си присутен на настани како саемот во Вашингтон, водејќи се од мотото - „мора да потрошиш за да спечалиш“.

„Американскиот пазар е голем и има потенцијал за поголем пласман на македонските производи“, смета Киро Ивановски.

Македонски ајвар
Македонски ајвар
Македонија нема проблем со квалитетот на производите, туку со доследното почитување на маркетиншките стандарди, наведува помладиот Ивановски и набројува што ги привлекува купувачите на странски производи во САД: „Убав дизајн, амбалажа, да биде на англиски, лесно да се чита. Секој Американец најпрво се информира за состојките на производот. Тоа е битна компонента за американскиот пазар“.

Семејната фирма ја покрива речиси целата територија на САД со македонски производи - од Чикаго, Атланта, Сент Луис, па се` до Сиетл.
XS
SM
MD
LG